Весна Бејби: „Кога детето е жртва на сексуално насилство, никогаш не можеш да ја надминеш траумата“

За булингот во школото, кога цело одделение барале да ја отпишат Мина од класот, Весна во интервјуото за Репортер раскажува: „Тие нека се срамат, не ние. Не само што бараа да ја отпишеме, имаше моменти кога ја удираа од ѕид, ѝ го кршеа саатот. И сè тоа се деца на луѓе кои ги знам“. „Кога детето е жртва на сексуално насилство, потоа треба да го негуваш како роза. Траумата никогаш не ја надминавме. Ама ете тука се терапии, сеанси, има по некој тригер, па се справуваш со него“, искрена е актерката.