Со голи раце се искачил на кула висока 190 метри: "Ова е искачување против ковид-потврдите, тие се срамни"

На возраст од речиси 60 години, Алан Робер, кого го нарекуваат француски Спајдермен, денеска со голи раце се искачил на кула висока речиси 190 метри во деловната населба Ла Дефенсе на периферијата на Париз во знак на протест против ковид-потврдите.