Српски коментатор со невообичаена најава за Брих: Не сакам да го изговорам неговото име

Феликс Брих беше судија на натпреварот од втората Бундеслига меѓу Инголштад и Нирнберг, а српскиот коментатор на телевизијата Спорт Клуб го почести со невообичаени „комплименти“. Иако коментаторите вообичаено се воздржуваат на ваков начин да зборуваат за официјалните лица, овој коментатор очигледно никогаш нема да му прости на германскиот судија за една негова епизода од минатото. Анимозитетот кон Брих доаѓа поради натпреварот меѓу Србија и Швајцарија од последното Светско првенство, на кое германскиот судија ги оштети Србите откако не им досуди пенал, а потоа судијата го заврши престојот на мундијалот заедно со српската репрезентација. „Судијата го препознавате, но со ваше разбирање, не сакам да го изговарам името на овој друмски разбојник“, рече коментаторот на спортската телевизија.