Вучиќ се присети дека излегувал во скопската „Тропикана“, Заев не знае каде се наоѓал познатиот локал

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера прошета низ нашиот главен град со својот домаќин, премиерот на Македонија - Зоран Заев и премиерот на Албанија, Еди Рама. Во таа прилика, претседателот на Србија се присети дека како млад доаѓал во Скопје и констатирал дека градот е многу променет оттогаш. „Не паметам кога последен пат сум бил овде. Кога бев млад. Но, многу е сменето оттогаш. Супер е. Сега не се сеќавам, ама знам дека одев во некоја ‘Тропикана’. Сега немам поим ниту каде е, ниту би се снашол овде“, изјавил Вучиќ.