Јокиќ ги полни батериите на свој начин: Како најдобриот играч во НБА се опушта во Србија

Екипата на Денвер Нагетс ја заврши оваа сезона во НБА лигата, па играчите заминаа на одмор во кој ќе треба да ги наполнат батериите пред новите предизвици. Најголемата ѕвезда на екипата, Никола Јокиќ одлучи да се врати дома во Србија и тоа во својот Сомбор каде на специфичен начин одлучи да ужива. Тој е познат како голем љубител на коњите, па реши слободното време да го мине со нив и за тоа говори снимката од хиподромот која ја направи РТС.