Хит говор на Надал! Шпанецот го спомена Новак и до солзи го насмеа светот: Уште го боли поразот на Ролан Гарос

Неколку денови по болниот пораз од Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос, најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал, се сетил на тој натпревар и решил да се пошегува на своја сметка. Надал на хартија имал подготвен говор, меѓутоа, кога почнало неговото обраќање, дувнал ветер и ги разнел сите листови низ сцената. „Не почна добро. Ова е како мојот последен натпревар на Ролан Гарос“, рекол низ насмевка Шпанецот.