Поранешниот фронтмен на Пинк Флојд одбил голема парична понуда од Закерберг и му порачал: „Е*и се“

Роџер Вотерс, некогашниот фронтмен на бендот Пинк Флојд, учествувал во неодамнешниот протест за поддршка на Џулијан Асанж. Во таа прилика Вотерс потврдил дека основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, му побарал дозвола за користење на култната песна „Another Brick In The Wall, Part 2“ во претстојната кампања на Инстаграм. „Е*и се. Нема е*ена шанса“, бил одговорот на Роџер на прашањето на Закерберг и потврдил дека му била понудена огромна сума на пари за тоа, иако не открил точно колкава.