Со „Нашата временска машина“ започнува летната филмска програма во Музејот на современата уметност – Скопје

На 17ти јуни (четврток), во 21 часот, започнува Летното кино со својата редовна филмска програма под отворено небо на тремот во Музејот на современата уметност - Скопје. Летното кино на музејот ќе биде отворено со кинеско - американскиот документарен филм „Нашата временска машина“ (2019) од режисерите Yang Sun и S. Leo Chiang, филм кој го следи создавањето на проектот на влијателниот кинески уметник Малеон. Филмот прикажува повеќеслојна медитативна уметност на агонијата на загубата и љубовта, како и кругот на животот.