Чешка тргна со победа, Шик блесна со погодок од 45,5 метри

Чешка го отвори настапот на Европското првенство со победа над Шкотска (2:0) и тоа на „Хемпден парк“ во Глазгов. Шик прво реализираше во 42. минута со глава, за во 52. минута да го реализира најубавиот гол досега на Европското првенство, постигнат од 45 метри.