„Работно место на стаклени нозе“, краток документарен филм за договорите за вработување на определено време

Краткиот документарен филм „Работно место на стаклени нозе“ во продукција на Види Вака е продолжение на серијалот кратки документарни приказни на граѓани коишто се соочуваат со предизвици во остварувањето на работничките права. Таква е и приказната на главната протагонистка во „Работно место на стаклени нозе“, Снежана Тасова од Богданци, самохрана мајка на две деца, исправена пред предизвикот да го задржи работното место и старателството врз децата.