Кантри-ѕвездата Кери Андервуд ја освои наградата Видео на годината за „Алелуја“

Кери Андервуд триумифираше во средата вечерта на големото финале на наградите за кантри-музика, CMT Music Awards 2021, освојувајќи ја најпрестижната и најпосакувана награда, Видео на годината. Американската пејачка и текстописец беше почестена за нејзиното дует-видео Hallelujah („Алелуја“), во кое се појавува заедно со Џон Леџенд.