Вулканот дивее во земјата на мразот и огнот: Лавата се крева високо во небото, зад престолнината се гледа црн чад

Ерупцијата е видлива и зад Рејкјавик, главниот град на Исланд, кој е оддалечен од вулканот на 40 километри. Фаградалсфјал е повторно активен од 19-ти март, но врвот на неговата активност е забележан вчера. Лавата се крева и неколку стотини метри во небото, но засега не претставува опасност за Исланѓаните.