Апсете ги сите кои не носат маска: Дутерте ја издаде наредбата додека само тој не носеше маска...

Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте издаде наредба до полицијата да ги уапси луѓето кои одбиваат правилно да ги носат заштитните маски. Сепак, интересно е тоа што оваа наредба Дутерте ја издаде на состанок на кој токму тој беше единствениот кој не носеше маска.