Дончиќ направи комбинација од фудбал и кошарка и режираше магија во „Американ Ерлајнс центарот“

Словенецот Дончиќ и во минатото ги има истакнато своите фудбалски квалитети, но сега со примеси од фудбалска и кошаркарска магија изрежира шоу во „Американ Ерлајнс центарот“. Лука жонглираше во моментите кога одеше кон соблекувалната, застана и од мртов агол успеа да погоди како голем кошаркарски мајстор.