Балканското видео против говор на омраза доби преку 2 милиони прегледи

Христина Поповиќ, Северина и Горан Богдан ги толкуваат главните улоги во видео записот со наслов „Hejt, SLOVEni“ кое за 24 часа доби повеќе од 2 милиони прегледи на YouTube. Видеото е идеја на магазинот Buka од Босна и Херцеговина и е дел од кампањата против говорот на омраза, која ја реализира магазинот. „Темата на видеото е инспирирана од слоганот Hej, Sloveni, кој е претворен во Hejt SLOVEni бидејќи омразата стана најнормална работа, како Добар ден. Видеото покажува колку сме навикнале на говорот на омраза, а знаеме колку е опасен и какви страшни последици може да има,“ вели уредникот Александар Трифуновиќ. Режијата на видеото ја потпишува режисерот Предраг Личина.