Потег на сезоната во НБА лигата: Бриџис имаше брутално забивање, соиграчите збеснаа на клупата

Натпреварите во НБА лигата донесоа фантастични потези и атракции, мајстории кои ќе влезат во конкуренција за најдобрите во сезоната 2020/2021. Меѓутоа според доста фанови веќе го имаме потегот број еден на кампањата или поточно најатрактивното забивање и истото е дело на Мајлс Бриџис. Членот на Шарлот Хорнетс имаше неверојатен и брутален лет преку Клинт Капела, а најдобра реакција за тоа што направи имаа коментаторите и соиграчите од клупата.