Нова мајсторија на Димитријевиќ, коментаторите возбудени: Спектакуларен кош на Македонецот

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште една добра партија во дресот на Хувентуд и тоа против Гран Канарија во домашниот кошаркарски шампионат. Нено имаше 13 поени за 25 минути на паркетот, собра 4 скокови и 6 асистенции со што беше најдобар во оваа категорија, а воедно имаше и еден потег со кој одново се најде во центарот на вниманието. „Спектакуларен кош на Македонецот“, порачаа коментаторите по оваа мајсторија на репрезентативецот.