„Nomadland“ на Клои Жао ја освои наградата БАФТА за најдобар филм

Вчеравечер беше одржано 74-то доделување на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА), а најмногу признанија доби режисерката Клои Жао и нејзиниот филм „Nomadland“. Наградата БАФТА за најдобар филм ја доби „Nomadland“, а режисерката на овој филм, Клои Жао, победи во категоријата Најдобар режисер/ка. Освен тоа, ова остварување е наградено и во категоријата Најдобра кинематографија.