Велосипедистот повторно во центар на скандал: Армстронг покрај допинг користел и мотор на Тур Де Франс?

Француските новинари пронајдоа снимки на кои се гледа како Ленс постојано го допира задниот дел од велосипедот, за да го активира веќе вградениот мотор. Моторот е тежок 800 грама и поради тоа лесно може да се сокрие во шишето кое го користат возачите, а неговата сила изнесува 500 вати што е сосема доволно за лесно да се победат останатите конкуренти.