Ова е можеби најлошиот натпревар во забивање во историјата на НБА: Победникот стана предмет на потсмев, еве и зошто

Викендов се одржа традиционалниот „Ол-Стар“ викенд на НБА лигата, во малку поинаков формат од претходно поради пандемијата на коронавирусот. НБА лигата ги организираше сите настани во една вечер, па така и натпреварот во забивање кој се одржа на полувремето. Оваа година забивачите не понудија претерана акција ниту оригиналност, а не се прослави ниту победникот, играчот на Портланд Трејлблејзерс, Енферни Симонс.