Дејвид Швимер открил кога започнува снимањето на продолжението на „Friends“

Серијата „Friends“ има многу фанови ширум светот, а ново воодушевување предизвика најавата дека ова култно остварување ќе добие свое продолжение. Снимањето требаше да започне минатата година во август, но истото беше презакажано за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот. Сега актерот Дејвид Швимер открил нови детали за повторното обединување на „пријателите“ во емисијата на Енди Коен.