Тања Кочовска за бракот со Предраг Павловски: „Порано се сакавме, сега си мериме притисоци и ич око не нѝ трепнува“

Кој гледал барем едно интервју со Тања Кочовска, добро знае дека таа е секогаш отворена и крајно искрена на секоја тема. Актерката која изобилува со харизма и позитивен карактер гостуваше во интервју за „Репортер“ во кое буквално зборувала за сè - за бракот со Предраг Павловски, за односот на децата од двата брака, за болеста на нејзината мајка, како е толку еластична за да може да направи салто во вода и многу други работи...