Тајлер Хочлин сега е новиот Супермен

Со неодамнешната премиера на телевизиската серија „Superman & Lois“ уште еден човек од челик доаѓа во светот на суперхероите на „DC“. Сепак, оваа итерација на Кларк Кент, кого го толкуваше Тајлер Хочлин, постои веќе неколку години во т.н. „Arrowverse“ (заеднички универзум на разни меѓусебно поврзани ТВ-серии за суперхерои на „DC“) и дебитира во 2016 година во серијалот „Supergirl“. И иако е свесен за наследството што човекот од челик го имаше во децениите и низа одлични актери што зачекорија во црвените чизми, Тајлер ја презема оваа култна улога со голема самодоверба.