Наум Петрески за „Бекстејџ“: Загубив 70.000 евра, живеам од платата на сопругата и пензијата на мајка ми“

Поради коронавирусот, естрадните уметници не се во можност да си ја работат професијата и да заработуваат од истата, а ниту фолк пејачот Наум Петрески не е исклучок. „Финансиски за оваа година, колку што не работиме, јас сум во загуба некои 60-70.000 евра, а живееме од платата на сопругата, пензијата на мајка ми и нешто што сме заштедиле од порано. Но, тежок живот е ова. Цела економија е упропастена и не знам како ќе се извлечеме од оваа ситуација“, вели тој за „Бекстејџ“. Погледнете го целото интервју!