Принцот Хари во „Late Late Show“: Зборувал за напуштањето на кралското семејство, но и открил како знаел дека Меган е „вистинската“

Принцот Хари му се отворил на Џејмс Корден во неговата емисија „The Late Late Show“. Двајцата се возеле во двокатен туристички автобус низ Лос Анџелес, а принцот помеѓу останатото му објаснил на популарниот водител зошто го напуштил кралското семејство. Во текот на возењето во кое пиеле и традиционален британски чај, Хари му признал на Корден дека знаел дека Меган е онаа „вистинската“ веќе на нивниот втор состанок, а открил дека кралицата на нивниот син Арчи му купила апарат за вафли за Божиќ.