Овца со 35 килограми волна: Лутала по дивината, одвај се движела

Снимката од оваа овца од Австралија го обиколила целиот свет. Оваа овца на себе имала волна тешка 35 килограми. Била пронајдена како лута низ Австралија, а на волонтерите им било потребно некое време да сфатат дека под необичното и огромно крзно всушност се крие овца. Веднаш ја потстрижиле и така и го спасиле животот.