МекКени ја објасни неговата специфична прослава на голот против Болоња

По натпреварот со Болоња, фудбалерот на Јувентус, Вестон МекКени бил запрашан за својот специфичен начин на прославување на погодок. МекКени појаснил дека неговата гестикулација не е поврзана со Зоро, туку со Хари Потер и неговите магии, а популарниот лик бил инспирација и за една тетоважа на неговата рака.