Тага која не може да се сокрие: Последното видео од Мерилин Монро го открива сиот очај на славните убавици

Ова е последната позната снимка од Монро која настанала кон крајот на 1962 година и на неа актерката позира на плажа пред објективот на фотографот Џорџ Барис. Видеото било снимено од страна на случаен минувач. Џорџ подоцна раскажал дека било очигледно дека Мерилин „нешто ја мачи“. Расположението ѝ варирало од хистерично смеење до плачење без причина. Била расеана и не обрнувала внимание на она што ѝ се зборувало.