Цел Кицбил занемел: Морничав пад на Швајцарецот на „патеката на смртта“

На легендарната патека „Штрејф“ настрада Швајцарецот Урс Крунбил, кој на последниот дел од патеката пред влегувањето во целта изгубил рамнотежа и доживеал тежок пад. Скијачот летал неколку метри со брзина од речиси 150 километри на час, а кога паднал, можела да се „слушне“ тишината во Кицбил. Првите информации велат дека Крунбил се здобил со тешки повреди на главата и не е во состојба да зборува.