Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата со коронавирус. „Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе Американци бесплатно. Оваа пандемија не е од вчера, но ќе ја победиме. Доаѓа помош. Мојот план се заснова на наука, а не на политика“, рече Бајден.