Видео: Конте покажа како го победува и се ослободува од стресот

Тренерот на Интер, Антонио Конте обелодени како тој го победува и се ослободува од стресот кој дефинитивно е присутен кај неговата работа во која се бараат резултати, особено затоа што „нероаѕурите“ се еден од најголемите клубови на светот. Италијанскиот експерт е „стара школа“ и сака да се опушта играјќи пинбал. „Ова е едно од моите омилени хобија и одличен начин за ослободување на стресот“, порача Антонио преку социјалните мрежи.