„LG“ претстави телефон со екран „на извлекување“: Ја менува големината по потреба

Технолошкиот саем „CES“ секоја година носи новитети кои илустрираат дека им нема крај на новите уреди, се додека постои креативноста. Таков е случајот и сега, кога компанијата „LG“ претстави телефон со екран „на извлекување“. „LG Rollable“ поседува екран чија величина може да се менува, па така од облик на телефон преоѓа во облик на таблет. Со други зборови, екранот се извлекува и со тоа ја зголемува својата големина.