Австралиските власти ја забранија новата реклама на „Toyota“ поради еден спорен детаљ – дали нивната постапка е оправдана?

Австралиските власти ја забранија рекламата за новиот „Toyota Yaris“ во таа земја поради еден спорен детаљ - сметаат дека таа е „опасна и дека ги поттикнува луѓето брзо да возат“. Рекламното видео во кое се промовираат моделите од фамилијата „Yaris“, вклучувајќи го и новиот кросовер базиран на овој автомобил, предизвика лоши реакции поради еден детаљ – „занесувањето“ на спортскиот „GR Yaris“ кој нагло забрзува при излегување од гаражата.