Емотивно видео на „Ла Бомбонера“: Играчите на Бока голот го посветија на Марадона пред очите на неговата ќерка

Двата погодоци за Бока Јуниорс против Њуелс ги постигна Едвин Кардона, а по постигнувањето на првиот погодок се случи и најемотивниот момент на „Ла Бомбонера“. Штом Кардона погоди, целиот тим на Бока се упати кај Далма, го спушти дресот со кој Марадона ги „тероризираше“ противничките одбрани и аплаудираше долго време. Далма не можеше да ги сокрие солзите по ваквиот емотивен потег на играчите, а видеото од прославата на погодокот брзо стана вирален хит.