После провокативната најава излезе новата песна на Џеј Ло

После еротската фотосесија која беше најава за новата песна и бурните реакции кои ги предизвика, пејачката конечно го објави видеото за „In The Morning“. И ако многумина очекуваа продолжение на фотографиите, сепак тимот се одлучил да подготви видео-запис со текстот на песната, додека во позадина се наѕираат провокативните фотографии. Дали ќе остане само на ова официјално видео со текст или можеби сепак подготвуваат и поинаква визуелна приказна, ќе видиме наскоро.