Каков гол на домашните терени: Савески му даде гол на Зајас од преку 50 метри!

Денеска се играа натпревари од елитната македонска конкуренција, но во третата лига падна голот на сезоната, годината кога е во прашање домашниот фудбал. Се работи за средбата меѓу Зајас и Љуботен која заврши со триумф од 3-1 за домаќините, но единствениот погодок кој го дадоа гостите преку капитенот Дејан Савески беше неверојатен со оглед на тоа што истиот падна од преку 50 метри. Секоја чест!