Како Димитриевски го прочита Салвадор и го отвори патот за победа на Рајо Валјекано

Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски имаше одличен натпревар и му овозможи на Рајо Валјекано да слави над Фуенлабрада со 2-0 во втората лига на Шпанија.Андрес Мартин и Антоњин погодија во 71 и 82 минута за славје на Рајо, но претходно Димитриевски беше тој што го одржа клубот во живот со своите одбрани меѓу кои беше и ударот од 11 метри на Ибан Салвадор.