Зградата се сруши како да е од картон: Морничава снимка ја прикажува јачината на земјотресот кој ги погоди Турција и Грција

Силен земјотрес денеска го погоди грчкиот остров Самос, а потресот се почувствува од Атина до Истанбул. Сепак, се чини дека најпогоден од земјотресот е турскиот град Измир. Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,9 степени по Рихтер е на 17 километри од турскиот град кој претрпе сериозна материјална штета, а веќе пристигнуваат информации за првите жртви.