Пристигна трејлерот за новиот документарен филм за Одри Хепберн

Во светската јавност неодамна беше најавен документарен филм за миленичката на публиката, Одри Хепберн, насловен како „Одри - повеќе од икона“, а сега тука е и првото најавно видео. Хелена Коан е режсерката, која приказната за актерката ја започнува со нејзината љубов кон балетот. Во соработка со балетска група, преку специјално осмислени кореографии, таа го прикажува ликот кој Хепберн го игра во филмот „Funny Face“. Документарниот филм изобилува со архивски, досега неприкажани снимки на славната актерка од снимањата и патувања.