Страшната акробација на Жоао Феликс: Гредата не дозволи да го видиме голот на сезоната во ЛШ

Атлетико Мадрид со многу мака го победи Салцбург на домашен терен, а во триумфот од 3:2, главно име на теренот беше Жоао Феликс. Жоао Феликс ги постигна двата гола за Атлетико во второто полувреме со кои беше направен пресврт (3:2), но сепак, ниту еден погодок не беше атрактивен како она што го приреди на теренот при резултат 0:0. Португалскиот фудаблски бисер имаше една страшна акробација во првото полувреме, кога изрежира сензационални ножички пред очите на противничкиот голман.