Видео: Во колкава опасност сте доколку седите наспроти заразено лице со коронавирус?

Истражувачите од универзитетот Кобе и гигантот Рикет во Јапонија, користејќи го суперкомпјутeрот Фугаку направиле симулација која покажува како распоредот на седење на иста маса во ресторан може во голема мера да влијае на ширење на коронавирусот. Симулацијата ја покажува емисијата и движењето на аеросолите кога 4 лица седат на иста маса и разговараат без заштитни маски, а се претпоставува дека местото на кое некој седи во голема мера влијае на ширење на Ковид-19.