Видео: Сите зборуваат за новиот филм „Вештерки“ со Ен Хатавеј

Кон почетокот на месецов излезе првиот трејлер за филмот „Вештерки“, по што реакциите не стивнуваат. Се работи за адаптација на истоимениот роман на Роалд Дал, автор на детска книжевност. Филмот е во режија на Роберт Земекис, а во главната улога е Ен Хатавеј, која фантастично се трансформира. Од 22 октомври филмот ќе биде достапен на стриминг платформата на HBO Mах.