Видео: Од денеска се реконструира улицата 11 Октомври кај старата Градска болница

Се реконструира улицата 11-ти Октомври на потегот од крстосница со булеварот Кочо Рацин до крстосница со улицата Стив Наумов. Надлежните очекуваат за 30 дена да биде реконструирана, а ќе биде обновено и булеварското зеленило. „Ќе работиме најинтензивно и јас очекувам овој потег што го работиме денеска до сабота да биде готов, во недела ќе направиме кратка пауза заради одвивање на Скопскиот маратон, а во недела попладне продолжуваме да работиме и моите очекувања се дека до крајот на следната недела, односно за помалку од 10 дена да ја завршиме реконструкцијата“, рече Шилегов.