Во Шпанија "течела река" вино

За помалку од една минута, сопственик на винарија во Шпанија претрпел голема штета, но настанала и снимка која станала вирална и кружи на интернет. По пукањето на резервоарот, се гледа бордо гејзир, а потоа и река од вино, но ароматичната течност набрзо се разлеа на сите страни по тлото и под паркираните возила.