„Москино“ го има најкреативното модно шоу годинава

Во време на пандемија, голем број од дизајнерите ги откажаа своите шоуа или ги презентираа своите најнови колекции дигитално. Уживавме во уметничката приказна на „Диор“, емотивната на Ели Сааб посветена на Бејрут, класичната на „Армани“ итн... но, кога би требало да ја одбереме најкреативната и највпечатливата, победата би ја однел Џереми Скот, односно „Москино“. Тој одлучи колекцијата наречена „No strings attached“ да ја презентира токму преку марионети, а овој контрастен начин (ако се земе предвид насловот) наиде на фантастичен одзив кај публиката.