Видео кое стана вирален хит: Погледнете како таксист му помага на демонстрант кој бега од специјалци

Анонимен возач на такси кој му помогна на човек да побегне од полицијата на протест против белорускиот претседател Александар Лукашенко стана апсолутен хит на социјалните мрежи во Белорусија. Видеото го прикажува моментот кога демонстрантот панично бега од неколкумина полициски специјалци и влегува во такси возило кое е застанато на црвено светло. Во тој момент возачот одлучува да го спаси демонстрантот, па така веднаш тргнува и на крајот успева да им побегне на полицајците.