Колку шминка ѝ е потребна на Ирина Шајк за да изгледа совршено?

Нa Јутјуб, туторијалите за шминкање снимени од најпознатите манекенки стануваат сè попопуларни. Супермоделот Ирина Шајк сними туторијал за Вог, а нејзината рутина за шминка го изненади целиот свет. Додека блогерките за убавина ставаат прајмери, течни пудри, коректори, хајлајтери и многу други препарати на нивното лице, Шајк нанесува само неколку капки течна пудра на одредени делови од лицето. Светски познатата манекенка и една од најубавите жени во светот вели дека помалку е повеќе и дека жените треба да носат шминка, а не шминката да ги носи нив.