Метод за растерување на демонстранти: Американците имаат систем кој испушта „топлински зраци“

Свиркач од американската војска тврди дека војската за време на пресметката со демонстрантите на плоштадот „Лафајет“ пред Белата куќа на 1-ви јуни ја разгледувала можноста за употреба на новото несмртоносно оружје против демонстрантите. Станува збор за нов систем кој кон демонстрантите „испукува“ топлински зраци.