Грција на удар на силен ураган: Најсилната бура во историјата на регионот ќе донесе ветрови од 200 км/ч

Ураганот „Јанос“ пристигна до соседна Грција, а најновите прогнози покажуваат дека овој многу редок ураган би можел да биде најсилниот во историјата на овие простори. Се очекуваат огромни количини на дожд, поплави и ветрови со јачина од околу 200 километри на час. Во Грција е веќе издадено предупредување од највисок степен, а жителите се повикани да се засолнат на безбедно.