Лилард игра во нереална форма: Неговата последна тројка ги шокираше и коментаторите

Демијан Лилард игра во страшна форма по рестартот на сезоната и стана првиот играч на Портланд кој на два меча по ред постигнал над 50 поени, со тоа што изминатава ноќ го израмни и својот личен рекорд по постигнати поени на еден меч.Лилард постигна дури девет тројки, а една од нив беше навистина неверојатна до тој степен, што вчудоневидени останаа и коментаторите на натпреварот.